Тони Атанасов и Панче Стојанов ќе го предводат првиот тим на Брера Струмица за пролетниот дел од првенството. Атанасов ќе биде прв тренер додека Стојанов негов прв помошник. Ова е одлуката на раководството на клубот по заминувањето на Горазд Михајлов.
На Атанасов и на Стојанов во стручниот штаб ќе ги имаат и Дарко Коцев како кондициски тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.
Брера подготвките ги започнува утре и до стартот на вториот дел од првенството ќе работи на подигнување на физичките способности и на техничко тактички план.
Паралелно, клубот работи и на ангажман на нови фудбалери, со оглед дека голем дел од фудбалерите заминаа од струмичкиот клуб оваа зима.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими посакува изненадување во Кратово
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома













