
Брера стигна до третиот триумф од почетокот на новата сезона во Првата лига откако денеска го победи актуелниот шампион Струга Трим Лум на гости со 1-2. Брера со максимални девет бода се искачи на врвот на табелата во Првата фудбалска лига.
Ване Крстевски во 27.минута ја доведе Брера во водство, а израмни Бесарт Ибраими со голот во 53.минута. Брера постигна победнички гол преку Марио Врдољак во 71.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Струга ТЛ по корнерот од десната страна.
Струга ТЛ има само три дена да се опорави од овој пораз, бидејќи мислите на фудбалерите веќе се насочени кон дуелот против Брејдаблик в четврток на „Билјанини извори“ во Охрид, прв од плејоф колото за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
