
Италијанската компанија „Брера Холдинг“ излезе на њујоршката берза Насдак и на јавна понуда собра околу 8 милиони долари од кои дел ќе треба да инвестира и во македонскиот прволигаш Академија Пандев.
Струмичкиот клуб го очекува реструктуирање, а „Брера Холдинг“ ќе откупи 70% од акциите на Академија Пандев.

Целиот проект треба да биде поврзан и со клубови во Аргентина, Гана и Мозамбик, мрежа која треба успешно да работи во фудбалскиот свет.
Пандев ќе остане сопственик на 30% од акциите и ќе ја задржи младинската академија на клубот, впрочем како што и почна да се развива Академија Пандев.
Брера е аматерски клуб од Милано, трет во градот, по италијанските гиганти Интер и Милан.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
