
Академија Пандев со стартот на новата 2023 година има и промена во сопственичката структура. Мнозинскиот пакет акции во клубот го презема италијанската компанија „Брера Холдинг“. Веднаш има и кадровски промени.
Ацo Стојков ја презема функцијата спортски директор во македонскиот прволигаш Академија Пандев. Поранешниот репрезентативец на Македонија, како и фудбалер со голема интернеционална кариера, од денес влегува во раководните структури на клубот.
Струмичанецот беше дел и од тимот на Академија Пандев кој го освои Купот на Македонија за сезона 2018/19.
„Навистина сум почестен со шансата што ми е дадена и сакам да се заблагодарам на Горан Пандев за тоа што ме препозна мене како човек кој може да допринесе многу во развојот на една нова модерна фудбалска приказна. Без да должам со детали, кои секако наскоро ќе и бидат презентирани на македонската јавност, само ќе кажам дека партнерството на Академија Пандев со италијанската Брера Холдинг допринесе дополнително да ја прифатам понудата за спортски директор, бидејќи се работи за еден визионерски проект, и план за издигнување на ниво погоре во работењето и организацијата на клубот во иднина. Во периодот кој следува етапно ќе ги презентираме и новите засилувања кои ќе бидат дел од нашиот пролетен тим. Целта е една, да излеземе од опасната зона и што порано да го обезбедиме опстанокот, а потоа мирно да го приведеме првенството при крај. Секако и максимално ќе се посветиме на изградба на структурата која ќе ја крене Академија Пандев на следно ниво“, изјави новиот спортски директор Ацо Стојков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
