
Брера го победи Вардар со 1-0 во Струмица со фантастичниот гол на Георги Јанкулов, а Шкендија во последен миг стигна до триумф (0-1) против Воска на гостувањето во Охрид. Стрелец беше Аганспахиќ во 91.минута.
Шампионот Струга Трим Лум исто така успешно го стартуваше со шампионатот, откако на домашен терен го победи Гостивар со 2-0. Марјан Радески во 22.минута го отвори резултатот, а Сенад Јаровиќ го потврди триумфот во 90.минута од дуелот.
Брегалница го совлада Силекс со 2-1, прекрасен гол постигна Колин Андерсон, а Тиквеш беше поуспешен од Македонија ЃП и славеше со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Иван Ивановски во 42.минута.
Убава атмосфера имаше на комплексот „Горан Пандев“ во Струмица, а допатуваа и Комитите кои мечот го следеа од „зад оградата“. Брера беше подобар тим, а ги освои трите бода со голот убавец на Георги Јанкулов во 58.минута.
Шкендија долго го кршеше отпорот на новиот прволигаш, дебитант во елитата, тимот на Воска, и усепа да го скрши во судиското продолжение, за триумф од 0-1.

Брегалница во Штип го победи Силекс со 2-1. Димитриј Димитриевски во 23.минута донесе водство за штипјани, а израмни Стефан Милосављевиќ израмни три минути подоцна.
Колин Андерсон изведе вистинска бравура во 32.минута, кога сам ја претрча гостинската одбрана, си создаде простор, и со десната нога луцидно ја смести топката зад грбот на Даниел Божиновски.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ПРВО КОЛО
БРЕРА – ВАРДАР 1-0
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-0
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА 0-1
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
