Брера Струмица ангажираше ново име на десетина дена пред почетокот на вториот дел од сезоната. Најново засилување на струмичкиот прволигаш е 23-годишниот стопер Христијан Јанкулоски, кој пристигнува од Воска Спорт.
Јанкулоски е роден во Австралија, тој минатата зима дебитираше во македонскиот фудбал со Воска, но сезонава имаше само еден настап од клупата. Претходно, настапуваше за австралискиот Стирлинг Македонија.
Оваа зима Брера донесе уште неколку засилувања, Ревалдо Мичел, кој е на позајмица од Работнички, Михаил Милевски (Новаци), Филип Михаилов (Тиквеш) и Зоран Ивановски (Брегалница), а и неколку младинци беа приклучени кон првиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













