Брендан Роџерс поднесе оставка од функцијата менаџер на Селтик, предизвикувајќи вистински шок во шкотскиот фудбал. Доцен понеделник вечер беше објавено дека управниот одбор на клубот ја прифатил оставката на Роџерс по неговиот втор престој на клупата. Тимот привремено ќе го води легендарниот тренер Мартин О’Нил, кој ќе работи во тандем со Шон Малоуни.
Роџерс е трет најуспешен менаџер во историјата на „детелините“. Во 2019 година тој замина во Лестер, а при своето враќање вети дека ќе го исполни тригодишниот договор. Сепак, стратегот беше во конфликт со управниот одбор, кој беше изложен на критики поради хаотичниот летен трансферен прозорец. И сега, само 24 часа откако тимот заостана осум поени зад лидерот Хартс, Роџерс се повлече.
Главниот акционер на шкотскиот гигант, Дермат Дезмонд, не штедеше критики кон Роџерс, нарекувајќи го „токсичен“. Ирецот, кој двапати го доведуваше својот сонародник во Глазгов, изјави:
„Брендан Роџерс денес поднесе оставка како менаџер на фудбалскиот клуб Селтик. Сакам да го признам придонесот на Брендан во двата негови престои како тренер, за време на кои помогна да се постигнат успеси кои се дел од современата историја на клубот. Сепак, морам да го изразам моето длабоко разочарување од начинот на кој се одвиваа последните неколку месеци.“
„Кога го вративме Брендан во Селтик пред две години, тоа беше направено со целосна доверба и верба во неговата способност да го поведе клубот во нова ера на одржлив успех. За жал, неговото однесување и комуникација во последните месеци не ја одразуваа таа доверба.“
„Во јуни, и јас и Мајкл Николсон му соопштивме на Брендан дека сакаме да му понудиме продолжување на договорот, за да ја потврдиме целосната поддршка и долгорочната посветеност на клубот кон него. Тој рече дека треба да размисли и дека ќе одговори. Сепак, на подоцнежните прес-конференции Брендан сугерираше дека клубот не понудил нов договор – што едноставно не беше вистина.“
„Редовно се среќававме со Брендан, вклучително и во декември минатата година и на почетокот на летото, за да разговараме за нашата заедничка стратегија, приоритети и пристап. Секој доведен и секој продаден играч за време на неговиот мандат беше со негово целосно знаење, одобрение и поддршка. Секое друго тврдење е апсолутно невистинито.“
„Неговите подоцнежни јавни изјави за трансферите и клупските операции беа сосема неочекувани. Во ниту еден момент пред тие изјави, тој не ги споменал тие грижи пред мене, пред Мајкл или пред кој било член на управниот одбор или извршниот тим. Во реалноста, тој имаше последен збор за сите фудбалски прашања и постојано добиваше поддршка во процесот на ангажирање на играчи – вклучувајќи рекордни инвестиции во фудбалери што лично ги одобри.“
„Се сретнавме со Брендан повеќе од три часа во неговиот дом во Шкотска за да го разгледаме прашањето. И покрај дадената можност, тој не успеа да наведе ниту еден случај во кој клубот го спречил или не го поддржал. Фактите едноставно не се совпаѓаа со неговиот јавен наратив.“
„За жал, неговите зборови и постапки потоа беа поделувачки, манипулативни и себични. Тие придонесоа за токсична атмосфера околу клубот и поттикнаа непријателство кон членовите на извршниот тим и управниот одбор. Некои од навредите насочени кон нив и нивните семејства беа целосно неоправдани и неприфатливи.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













