Фудбалерите на Брегалница, под водство на шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, денеска во Пехчево ги почнаа подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.
„Сините“, под идеални услови во спортскиот комплекс „Гогов“, ќе реализираат седумдневни подготовки како дел од првата подготвителна фаза. Нови имиња во редовите на штипјани се голманот Илче Петровски, офанзивецот од Плачковица, Андреј Кудијан, стоперот од Скопје, Антонио Митрев, како и досегашните фудбалери на Кит Го, Бојан Георгиевски и Александар Пановски.
„Имаме одлични услови за работа во почетната фаза од подготовките. Секако веруваме дека максимално подготвени ќе ја дочекаме новата сезона. Наредниот период ќе следи комплетирањето на тимот со засилувања на сите неопходни позиции“ – истакна на стартот од подготовките шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски.
Брегалница во Пехчево останува до 18. јули кога ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар летово против Кит Го. Веднаш по тест дуелот со пехчевци на 18. јули екипата се враќа во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













