Connect with us

Брегалница со стил до елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница со стил се пласираа во елитното македонско фудбалско друштво. Без пораз во текот на целата сезона и со убедлив триумф (5-0) над најголемиот ривал Тиквеш, составот на Марјан Секуловски обезбеди пласман во Првата фудбалска лига.

Одличниот проект на првиот човек на клубот Кирил Гогов успеа да ја врати Брегалница во најдоброто друштво. Големиот македонски фудбалски бренд се враќа каде што му е местото, во елитата.

Капитенот Ристе Наумов пред почетокот на мечот го крена шампионскиот пехар за првото место во Втората лига Исток, а потоа штипјани убедливо го совладаа Тиквеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови