По крајот на есенскиот дел од шампионатот во Втората лига – Исток, за фудбалерите на Брегалница останува уште првата четвртфинална пресметка од Купот на Македонија за заокружување на првиот дел од сезоната 2019/2020.
Денеска од 16:30 часот на Градскиот стадион во Штип „сините“ ја пречекуваат екипата на Лабуништа во желбата за позитивен резултат со кој, секако, би останале повеќе од сериозни амбициите и за пласман во полуфиналето во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Максимално позитивено е расположението во таборот на Добринко Илиевски пред дуелот со Лабуништа, пред се и по одличното издание и триумфот од 0-2 во дерби пресметката против Тиквеш во Кавадарци.
Главен судија на натпреварот ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четврти судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Милан Василев од Струмица, а контролор – Марјан Ристески од Кичево.
Реванш натпреварот на гостински терен против Лабуништа во четвртфиналето од Купот на Македонија ќе се игра на 4. март следната година.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (прв натпревар)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16:30 ч.)
* Реванш натпреварите се закажани за 4. март 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski