Продолжуваат одличните игри на Брегалница во подготвителниот период, триумфирајќи со 1-0 (0-0) и на тест дуелот против романскиот второлигаш Аргес.
На теренот на спортскиот комплекс „Фанатик“ во Белек, „сините“ беа далеку подобри од една од најдобрите екипи во Втората лига на Романија, победувајќи со погодокот на Иван Настевски во 57. минута од средбата. Настевски постигна извонреден гол со лоб-удар совладувајќи го противничкиот голман.
Брегалница имаше уште неколку можности и за поубедлива победа, но на крајот се остана на единствениот гол на Настевски.
Единствен негативен момент од денешниот дуел е незгодната повреда на Анес Османовски, кој заработи повреда на рамото па предвреме мораше да го напушти мечот заминувајќи на итни детални прегледи во клиниката во Анталија.
Шефот на стручниот штаб, Добринко Илиевски натпреварот го почна со следниот состав: Давков, Стошиќ, Д. Стојанов, Стојчески, Миленковски, Бакрачески, Османовски, Ацковски, Мирчески, М. Стојанов и Наумов. Уште играа: Маневски, Наумоски, Рунтев, Настевски, П. Ѓорѓиев, Кудев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski