Македонскиот прволигаш Брегалница во своите редови го врати и младиот голман Кире Новаков кој доаѓа од редовите на словенечкиот прволигаш Триглав Крањ.
19-годишниот Новаков, кој е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, е дете на Брегалница каде ги почнува своите први фудбалски чекори во академијата на клубот. Но, на 14 годишна возраст се сели во младинската академија на НК Крањ во Словенија од каде потоа продолжува во Триглав Крањ. Сега повторно се враќа во синиот дрес.
Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, како и голманот Мартин Давков, и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski