Работнички гостува во Тетово, а дефанзивецот Бојан Илиевски очекува тежок и неизвесен дуел со Ренова. Кој ќе направи помалку грешки, тој ќе биде поблиску до успех, вели одбранбениот фудбалер на „романтичарите“.
„Ренова е квалитетен тим кој дополнително се засили во преодниот рок и добро ја започна новата сезона. Играат цврсто, посебно на домашен терен и не дозволуваат често да се тресе нивната мрежа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар утре во Тетово во кој една грешка или еден добар потег би можеле да бидат решавачки за резултатот. Што се однесува до нас, Работнички е подготвен за надигрување, веруваме дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе ги исполниме задачите што ќе ги постави шефот на стручниот штаб Александар Влахо. Ако го сториме тоа, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Бојан Илиевски.

Во Штип, Брегалница се надева на прв прволигашки триумф против лидерот Академија Пандев. Дарко Додев спаси бод на гостувањето против Борец, а сега штипјани посакуваат да му го нанесат првиот пораз на лидерот.
„Секако посакуваме да дојдеме до победа иако не очекува дуел со екипата со најдобар старт на сезоната во првенството. Јасно е дека ќе биде тежок натпревар, но мора да го дадеме максимумот да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Додев.
Актуелниот првак Шкендија ќе гостува во Битола и се надева на победа против последнопласираниот Пелистер, а Шкупи размислува за три бода против Скопје.
Борец гостува кај Македонија ЃП во Ѓорче Петров, а Тиквеш е домаќин на Струга Трим Лум во Кавадарци.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО (16 часот)
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ
Маџари: ШКУПИ – СКОПЈЕ
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













