Филип Миленковски повторно се враќа во дресот на Брегалница. Искусниот дефанзивец ги засили редовите на штипскиот прволигаш за актуелната сезона откако само пред два месеци потпиша за Пелистер. Но, сега е веќе во Брегалница.
„Добиваме докажан прволигашки фудбалер кој со значителното сопствено искуство треба да донесе дополнителен квалитет во дефанзивните линии“ – истакна по потпишувањето на договорот со Миленковски, спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
Миленковски претходно беше дел од Брегалница во сезоната 2019/2020 од каде премина во редовите на Струга ТЛ, па потоа продолжувајќи преку Пелистер сега повторно се враќа во синиот дрес. Претходно во својата кариера, Филип Миленковски има настапи и за кратовски Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













