Connect with us

Бразилците го сакаат Златко Далиќ за нов селектор

Ја предводеше Хрватска до големи успеси на последните два мундијали. Со Златко Далиќ на кормилото, „коцкестите“ беа втори во светот во 2018 година, а завршија на третата позиција на неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Ова го препорача Златко Далиќ за еден од најсериозните кандидати за нов селектор на Бразил.

„Кариоките“ го бараат наследникот на Тите, а бразилските медиуми откриваат дека една од најголемите желби на раководните луѓе на бразилскиот фудбал е токму Златко Далиќ. Претходно, со селекторската позиција на Бразил се поврзуваа Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, а во опција е и Роберто Мартинез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови