Бразилскиот голман Фабио официјално стана фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во историјата. Синоќа тој го запиша својот 1391. официјален настап во кариерата, бранејќи за својот Флуминенсе во мечот против Америка де Кали во Копа Судамерикана.
Со тоа, 44-годишниот чувар на мрежата го урна досегашниот рекорд на англиската легенда Питер Шилтон, кој имаше 1390 натпревари. Зад нив во ова историско рангирање следуваат Кристијано Роналдо со 1283, Роџерио Сени со 1265 и Франтишек Планичка со 1187 настапи.
Флуминенсе славеше со 2:0 на овој дуел и се пласираше во четвртфиналната фаза на турнирот, каде ќе се соочи со Ланус или Сентрал Кордоба.
Фабио му се приклучи на Флуминенсе во 2022 година и оттогаш освои две титули во Бразил (2022 и 2023), Копа Либертадорес (2023) и Рекопа Судамерикана (2024). Голманот има договор со клубот до декември 2026 година.
Agora é oficial: Fábio é o jogador que mais vezes disputou uma partida de futebol na história! #Fabio1391 pic.twitter.com/Kq7Wp1RWDl
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) August 20, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













