
Репрезентациите на Бразил и Перу се пласираа во полуфиналето на Копа Америка. На пенали, Перу успеа да го елиминира Парагвај. По 90 минути беше 3-3, но пеналите подобро ги шутираа Перуанците, кои се пласираа во полуфиналето.
Возбудлив беше натпреварот меѓу Бразил и Чиле, а на крајот „кариоките“ забележаа победа од 1-0.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Лукас Пакета во 46. минута, а на крајот Бразил може да биде многу среќен што се пласира во полуфиналето.
Brazil takes the lead in the quarter-final of Copa America! pic.twitter.com/KnDbGkJ3ZB
— TSN (@TSN_Sports) July 3, 2021
Две минути по водството, Габриел Хесус со брутален старт го разнесе противничкиот дефанзивец и доби директен црвен картон.
Чиле ја погоди гредата до крајот на мечот, постигна и израмнувачки погодок, но ВАР реагираше и голот не беше признат.
На крајот, Бразил успеа да го задржи водството и да се пласира во полуфиналето, каде ќе игра против Перу.
Во вечерашните четвртфинални дуели ќе се сретнат Аргентина – Еквадор и Уругвај – Колумбија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
