Борусија Дортмунд јасно потенцираше дека нема да го продава Ерлинг Холанд оваа зима, но полека се подготвува за живот без Норвежанецот. Тој сигурно ќе си замине на лето. Затоа „милионерите“ се подготвени да го доведат Лука Јовиќ, кој ги одигра најдобрите натпревари во Германија, настапувајќи за Ајнтрахт Франкфурт.
„Милионерите“ најпрво би го донеле Јовиќ на позајмица, па дури потоа, доколку тоа се докаже во втората полусезона, би почнале преговорите за комплетен трансфер.
Борусија Дортмунд сака полека да најде замена и за Џуд Белингем. Младиот Англичанец кој блеска во Бундес – лигата е цел на најголемите европски клубови, а замена и за него е пронајдена и во Шпанија.
Германскиот клуб сака да ја искористи очајната финансиска ситуација во Барселона за да доведе двајца играчи од „Камп Ноу“. Едниот е играчот за врска Рики Пуџ, кој не успева да се избори за место во тимот ниту со Чави, а другиот е искусниот голман Марк Андре Тер Штеген.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski