Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба пристигна во Пехчево и се приклучи на подготовките на Кит Го.
Тој треба да биде квалитетно засилување за Кит Го на дефанзивните позиции за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.
Кордоба во првиот дел од сезоната настапуваше во редовите на прволигашот Борец, а претходно беше член и на Работнички, Македонија ЃП и на Пелистер.
Фудбалерите на Кит Го од четврток подготовките ќе ги реализираат во својата база во Пехчево. Во сабота (6. февруари) е закажан пријателскиот натпревар со Осогово.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













