Македонскиот прволигаш Борец ги претстави засилувањата за новата сезона и стартуваше со летните подготовки. Тренерот Борче Христов со соработниците го одржа првиот тренинг со тимот.

За прволигашот од Велес во претстојната сезона ќе настапуваат Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов.

Исто така Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски и со Трајче Трајков. Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













