Connect with us

Борче Христов: Работнички покажа победнички карактер на „Автокоманда“

Работнички оствари важна победа на гости (0-1) против Скопје освојувајќи ја „Автокоманда“. Тоа се многу важни три бода за „романтичарите“ освоени против еден од директните ривали за бегство од долниот дел на табелата.


Тренерот Борче Христов е задоволен од изданието на тимот и ја потенцира максималната борбеност и желбата за успех на фудбалерите.

„Задоволен сум од тимскиот настап. Фудбалерите ги испочитуваа сите тактички замисли и покажаа максимална борбеност. Работнички покажа дека има победнички карактер на „Автокоманда“. Не е лесно да се совлада Скопје на гости, а дополнителен товар беше и тешкиот и каллив терен. Но, успеавме да постигнеме погодок и да ги неутрализираме речиси сите закани кон нашиот гол. Но, овој триумф го оставаме зад нас и веќе сме фокусирани на следниот предизвик. В недела ни гостува Шкендија. Би сакал да се претставиме во исто издание и на овој дуел“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички за официјалниот сајт на клубот.

Работнички по 21. коло од Првата фудбалска лига се наоѓа на осмата позиција со 28 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови