
Францускиот ас Пол Погба на лето заминува од „Олд Трафорд“, а на англискиот клуб му најавил дека ќе направи трансфер во Реал Мадрид, откриваат медиумите на Островот. Договорот на францускиот играч за врска со Јунајтед трае до крајот на јуни оваа година и тој потоа ќе може бесплатно да замине во новиот клуб.
Реал Мадрид би сакал во своите редови да има уште еден фудбалер од селекцијата која е светски шампион, иако се чинеше дека тренерот Карло Анчелоти веќе се „олади“ за доаѓањето на Погба на „Сантијаго Бернабеу“.
Проблем може да претставува неговата огромна плата, но од друга страна Флорентино Перез подготвува револуција во тимот, а на лето треба да пристигне и Килијан Мбапе. Покрај него, Реал Мадрид е во трка и за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Евентуалното доаѓање и на Пол Погба би било претставено како комплетно реновирање на тимот на „кралевите“ и создавање на состав кој би доминирал во Европа во наредната деценија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Гостивар му се заблагодари и на Алдаир

Евро-фудбал
Штутгарт во финалето на германскиот Куп (ВИДЕО)
