
Македонскиот репрезентативец Енис Барди е трансферна цел на премиерлигашот Њукасл. Менаџерот Стив Брус сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок со играч за врска кој делува „box to box“, од едниот до другиот шеснаесетник, и една од првите опции е Енис Барди, креативецот на Леванте кој располага со силен и прецизен шут од далечина и одлично изведува слободни удари.
Њукасл ќе се обиде да го добие Барди како позајмен играч до крајот на сезоната со задолжително откупување на неговиот договор по завршувањето на сезоната. Леванте за него бара 22 милиони фунти, а шпанскиот клуб се наоѓа во финансиска криза и ќе мора да продава дел од фудбалерите.
Енис Барди се врати на тренинг со лесно трчање и полека се опоравува од повредата на ’рбетот која ја заработи на последниот тренинг со националниот тим пред историскиот меч против Грузија во Тбилиси. Можно е да му се придружи на Езгјан Алиоски оваа зима како втор Македонец во Премиер – лигата. Претходно, за Енис Барди интерес покажуваше и Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
