
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за претстојните квалификациски натпревари на А – тимот. Навивачите на нашата репрезентација ќе можат да купат билет за натпреварите против Ерменија и Романија по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MkTickets.
Денеска беа утврдени цените на влезниците и за натпреварот на македонската репрезентација до 21 година против Србија во Охрид и мечот меѓу женските А селекции на Македонија и Австрија.
Младите фудбалери до 21 година ќе можат да се следат за 150 денари, додека женската фудбалска репрезентација за 100 денари.
Се разбира, и понатаму важат истите ковид-протоколи, на стадион можат да присуствуваат само лица кои имаат примено најмалку една доза вакцина против Ковид-19 или го имаат прележано вирусот во последните 45 дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
