Connect with us

Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП полека ја консолидира ситуацијата по бурата што се случи во изминатиот период, кога тимот играше со младински состав против Шкендија, а од функциите заминаа тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски.

За нов шеф на стручниот штаб е именуван Боби Божиновски, кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

Од Ѓорче Петров доаѓа информација и дека промената на раководната структура полека се заокружува и дека фудбалерите ги добиле и заостанатите плати поради кои дојде до бунт и незадоволство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови