
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов успеа да го победи коронавирусот и ќе му биде на располагање на селекторот Благоја Милевски во септемвриската сесија од квалификациите за СП 2022. Тој доби негативни тестови на Ковид-19 само пет дена откако претходно беше позитивен и вечерва треба да пристигне во Скопје, а од утре ќе се појави на подготовките на националниот тим.
Милевски дополнително го повика и Јани Атанасов, фудбалерот на Хајдук Сплит, откако и дефинитивно остана без Аријан Адеми, кој се уште се опоравува од повредата и не беше во тимот на Динамо Загреб на европскиот меч против Шериф Тираспол.
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го има првиот собир во пресрет на натпреварите со Ерменија, Исланд и со Романија во првата половина на септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
