
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со Шериф Тираспол дојде и го покори „Сантијаго Бернабеу“. Шериф направи сензација и славеше со 1-2, а Николов влезе во игра во судиското продолжение.
За МАКФУДБАЛ ексклузивно, по големиот триумф.
„Лудница… Што да кажам. Кога ќе го победиш на „Бернабеу“ клубот за кој си навивал од мал, си плачел на негови порази…Сега плачевме сите, но од среќа. Ова ќе го паметам до крајот на животот, за ова вреди да се игра фудбал“, изјави за МАКФУДБАЛ од „Бернабеу“, Бобан Николов.
Од ваков голем триумф, мора да се има и спомен. Боби го зеде дресот на Лука Модриќ.
„Ги заменивме дресовите со Лука Модриќ. Чест ми е, многу сум среќен“, дополни Боби Николов.



-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо
