Поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владимир Брчков и неговиот роднина бизнисменот Марио Брчков, се новите сопственици на македонскиот фудбалски прволигаш Борец. Тие денеска на берза купија 2.500 акции со вкупна вредност од 32.000 евра и го добија мнозинскиот управувачки пакет. Акциите ги продаде компанијата „Брако“ чиј сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Тој пред извесен период објави дека се повлекува од клубот незадоволен со полтиките на Фудбалската федерација на Македонија.
Акциите на ФК Борец од Велес на берза се продадоа по цена од 805 денари за акција.
Кошаркарот Брчков кариерата ја почна во Ангели од Велес, а има играно и за Работнички, Фени индустри, Кожув, Струмица како и за албанска Тирана, а сега настапува за кошаркарскиот второлигаш Борец од Велес.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













