
Љубовната сапуница меѓу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, и неговата партнерка Ванда Нара заврши. По неколкунеделни караници околу аферата на аргентинскиот напаѓач, двојката се смири, но не пред да оди кај адвокатот каде што Икарди мораше да потпише бизарен договор.
„Отидовме кај адвокатот. За два дена Мауро ги прифати сите услови и го потпишавме договорот. Следниот ден ми напиша писмо што никој никогаш не ми го напиша: „Ти дадов сè и имаш се, се надевам можеш да бидеш среќна затоа што би сакал тоа мене да ме направи среќен“. И тогаш сфатив нешто: И дека имам се, немам ништо ако не сум со него. Сигурна сум дека овој лош период низ кој поминуваме ќе не зајакне како двојка и како семејство“, напиша Ванда Нара.
Но, испливаа детали од договорот. Според аргентинските медиуми, Мауро Икарди потпишал договор за спас на својот брак, со кој целиот свој имот, сегашен и иден, ќе го предаде на Ванда до 2050 година. Неверојатно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
