Connect with us

Битола се гордее со реновираниот стадион „Петар Милошевски“ – Утре Италија ќе биде достојно пречекана (ВИДЕО)

Битола е подготвена да биде во центарот на вниманието со големиот дуел – гостувањето на Италија. Утре на новообновениот стадион „Петар Милошевски“ ќе се одигра квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2027 меѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија до 21 година.

Стадионот блесна во полн сјај. Ветувањата на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се претворени во реалност: изградена е нова трибина, ВИП ложа, уреден подтрибински простор, модерни соблекувални и поставени рефлектори што ќе ја осветлат целата арена. Со тоа, Битола доби современ репрезентативен стадион и ќе може со гордост да ги пречека младите фудбалери од Македонија и Италија.

„Кога зборовите стануваат дела! Во рекордно кратко време, заедно со општина Битола, успеавме да го претвориме стадионот ‘Петар Милошевски’ во вистински симбол на Битола и дом на македонската репрезентација. Исклучително сум горд на сите што придонесоа за овој успех“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови