Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа работен состанок меѓу претставници на Комисијата за безбедност во федерацијата и комесари и заменици-комесари за безбедност на клубовите од Првата МФЛ. На состанокот беа присутни и претставници на МВР.
Главна тема на состанокот беше почетокот на есенскиот дел од натпреварувачка сезона 2022/2023, а се дискутираше и на актуелни теми кои можат да придонесат за развој на натпреварувањето. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите во во изминатиот период.

Зоран Саздов, член на Комисија за безбедност при ФФМ:
– Комисијата за безбедност при ФФМ работејќи според ,,Правилникот за безбедност и сигурност на фудбалски натпревари,, пред секоја натпреварувачка сезона организира работни состаноци со претходно назначените комесари и заменици комесари за безбедност од страна на фудбалските клубови, со цел запознавање, укажување и елаборирање со одредени правилници и постоечки закони.
-Како заклучок може да се каже дека организирањето на фудбалски натпревари од страна на клубовите е во подобра состојба од минатиот период, прекршоците и инцидентите се во помал број, но сеуште на одредени натпревари од страна на поединци или навивачки групи има инциденти кои се со употреба на пиротехника, пеење на песни кои предизвикуваат национална и верска омраза, фрлање на предмети во терен итн.
Одделот за безбедност и инегритет и Комисијата за безбедност при ФФМ, максимално се залагаат преку состаноци, координација, укажување, помош, соработка со комесарите за безбедност и претставниците на МВР да им помогнат на клубовите да ги организираат фудбалските натпревари безбедно и сигурносно.Во делот на добра организација е исто така важна инфраструктурата на стадионите каде се одигруваат натпреварите”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













