Шпанскиот прволигаш Бетис направи значителен чекор напред во преговорите со Манчестер Јунајтед и, според „Телеграф“, веќе има постигнато принципиелен договор за трансферот на Бразилецот Ентони назад во тимот од Севилја.
Клубот од Ла Лига работи на комплетирање на договорот со 25-годишниот офанзивец, кој првично настапуваше како позајмен играч, но престојот сега треба да стане постојан.
Ентони запиша девет погодоци и пет асистенции на 26 натпревари откако во јануари пристигна во Бетис, а одигра клучна улога и во пласманот на клубот во финалето од Лигата на конференции.
И самиот Бразилец е нестрплив повторно да го облече зелено-белиот дрес и целосно да се врати во редовите на Бетис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













