Connect with us

Бетис го доби андалузиското дерби со Севилја (ВИДЕО)

Бетис триумфираше во андалузиското дерби, совладувајќи ја Севилја со 2-1 во возбудлив натпревар од 29. коло на Ла Лига. Ова беше шеста последователна победа за тимот на Мануел Пелегрини, кој продолжува со одличната форма.

Гостите први ја најдоа мрежата, кога Рубен Варгас го замолкна стадионот со погодок во 17. минута. Сепак, Бетис брзо ја презеде контролата врз играта и направи пресврт уште во првиот дел.

Џони Кардосо израмни во 25. минута, а победничкиот гол го постигна Кучо Хернандез во последните моменти пред паузата. Иако во второто полувреме немаше повеќе голови, Бетис успешно ја одбрани предноста и ги освои трите бода, зацврстувајќи ја својата позиција во горниот дел од табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови