Оле Гунар Солскјер замина од тренерската клупа на Бешикташ. Турскиот гигант го раскина договорот со норвешкиот стратег веднаш по елиминацијата од Лозана во плејофот за Конференциската лига.
Истанбулскиот клуб загуби со 0-1 на реваншот, а по ремито во првиот меч остана без европска есен, што беше голем удар за амбициите на Солскјер.
Под негово водство, Бешикташ минатата сезона ја заврши на четвртата позиција во Суперлигата на Турција.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Кардиф Сити и Молде, во Бешикташ пристигна минатата година, но неговата епизода во Турција завршува по само една сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













