Connect with us

Бешикташ го носи Боатенг во Турција

Турскиот првак Бешикташ прави напори да го засили тимот за настапот во Лигата на шампионите. Раководството на клубот е во напредни преговори со Џером Боатенг, германскиот репрезентативец кој моментно е слободен агент откако се раздели со Баерн Минхен.

Тој по една деценија одлучи да замине од „Алијанц арена“, а се уште ја нема избрано следната дестинација. Негова желба е да замине на „Олд Трафорд“, но се чини дека Манчестер Јунајтед сепак го затвори шопингот што се однесува до дефанзивната линија со ангажманот на Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Бешикташ му нуди одлични услови на Џером Боатенг за да се пресели во Истанбул, а турските медиуми велат дека еден од адутите на клубот е и фактот дека неговиот брат Кевин Принс Боатенг во 2000 година го носеше „црно-белиот“ дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови