Connect with us

Бесар Исени доби двегодишна суспензија од федерацијата на Албанија

Македонскиот фудбалски интернационалец Бесар Исени го извлече „најдебелиот крај“ во хаосот што се случи на мечот меѓу Тирана и Билис (2-2) по кој навивачи влетаа во терен да го тепаат судијата Криденс Мета.

Тој бил во групата на фудбалери кои исто така реагирале кон судијата, а за својот неспортски однос, плукање и навреди кон судијата, доби двегодишна суспензија од Фудбалската федерација на Албанија.


Казнети се уште пет играчи на Тирана, но со помали казни, еден доби едногодишна суспензија, тројца заработија казна од шест месеци неиграње фудбал, а еден фудбалер нема право на настап во наредните четири месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови