
Бобан Бабунски нема да го предводи тимот на Беса во пролетниот дел од сезоната. Иако беше назначен и промовиран како тренер, раководството на клубот соопшти дека соработката е прекината уште пред почетокот на зимските подготовки, поради тоа што Бабунски го променил ставот во однос на претходно договорените услови.
„Фудбалскиот клуб Беса 1976 објавува дека Бобан Бабунски, кој беше назначен за тренер на тимот, нема да ја преземе улогата на тренер. Поради несогласувања и промена на ставот од страна на тренерот во однос на договорените услови, клубот одлучи да ја прекине соработката. Тимот ќе започне со подготвителната фаза на 10 јануари 2025 година! За сите понатамошни промени, ќе бидете информирани преку официјалните профили на клубот“, соопштија од Беса.
Беса на 15 декември објави дека е постигнат договор со Бобан Бабунски да ја преземе тренерската функција за вториот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal