Connect with us

Бернардо Силва: Во Мадрид не бев на ниво и ветив дека на реваншот ќе надоместам

Манчестер Сити го прегази Реал Мадрид на „Итихад“ со 4-0 и го трасираше патот во финалето на Лигата на шампионите. Најголем дел од работата се чини дека заврши Бернардо Силва со двата гола во првото полувреме.


„Прекрасна ноќ за нас. Знаевме дека ќе биде тешко да го победиме Реал, а овие 4-0 се нешто неверојатно. Знаеме колку е силен Реал Мадрид. Мојот настап на првиот натпревар во Мадрид не беше она што го посакував и ветив дека ќе надоместам на реваншот. Морав да играм подобро на овој натпревар поради навивачите и моите соиграчи“, изјави Бернардо Силва.

Португалецот вели Интер ќе биде тежок противник во финалето на ЛШ во Истанбул на 10 јуни.

„Го гледав Интер и изгледа многу добро, тие се силни и организирани во одбраната. Нè очекува тешко финале. Сакаме да ја освоиме титулата англиски шампион поради нашите навивачи, а потоа ќе се насочиме и кон финалето на ЛШ“, дополни Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови