Фудбалерот од средниот ред на Португалија, Бернардо Силва, беше тажен по поразот на пенали од Франција во четвртфиналето на ЕП 2024. Голем трагичар за „морнарите“ беше Жоао Феликс кој го погоди дирекот.
Сепак, Бернардо Силва му даде целосна поддршка на напаѓачот.
„Такво нешто поминав не многу одамна кога испаднавме од Лигата на шампионите и промашив пенал во четвртфиналето со Реал Мадрид. Само оние кои одат напред можат да згрешат. Факт е, тогаш ја презедов одговорноста и излегов да се борам. Секако дека боли. Сите сме под притисок и некој мора да пропушти да биде прогласен за победник. Сега тоа беше Жоао, но сите ние го поддржуваме“, изјави Бернардо Силва.
„Овој тим останува обединет, работевме напорно. Ја задржавме хармонијата во соблекувалната, што само големите тимови можат да го направат. Ќе се обидеме да го задржиме ова единство и да се вратиме посилни на следното првенство“, додаде играчот од средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













