
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, изјави дека сите во тимот се исклучително мотивирани да го повторат достигнувањето од минатата сезона кога стигнаа до тројна круна. Реал Мадрид утре повторно ќе се соочи со „граѓаните“.
Пред речиси една година, тимот на Пеп Гвардиола го победи кралскиот клуб со 4-0 на „Итихад“, но според Бернардо Силва, Реал сега е посилен тим, а исто така ќе сака да се одмазди за тој тежок пораз.
„Ова се случува во две различни сезони, а во фудбалот никогаш повеќе не се повторува еден меч. Реал Мадрид е посилен оваа сезона од минатата. Тоа беше моето чувство кога игравме на „Бернабеу“. Тие сигурно сакаат да се одмаздат за резултатот на „Итихад“ минатата година.
Тони Крос и Лука Модриќ лично за мене се инспирација и пример бидејќи играат на исти позиции во средниот ред. Тоа го прават 15 години, а Модриќ уште подолго. По сето она што го постигнаа, тие продолжуваат понатаму. Со тоа како се однесуваат на теренот, тие се пример за сите деца кои почнуваат да играат фудбал. Тие никогаш не размислуваат за себе, само за тимот. Особено со одлуките што ги носат на теренот.
Ќе видиме што ќе се случи утре, но ние сме многу сигурни бидејќи играме дома. Сепак, го почитуваме Реал Мадрид и знаеме колку ќе биде тешко.
Сакаме да оставиме значајно наследство освојувајќи ја Премиер – лигата четирипати по ред, Лигата на шампионите двапати по ред и освојувајќи тројна круна во две последовни сезони. Но, знаеме дека ќе биде многу тешко. За една недела можеме да испаднеме од сите натпреварувања, но се бориме до крај“, изјави Бернардо Силва на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
