
Силвио Берлускони (86), сопственикот на италијанскиот прволигаш Монца, на божиќната вечера на клубот им даде контроверзно ветување на играчите. Ако ги победат Милан или Јувентус, имаат загарантирана забава и задоволство.
Тој го зеде микрофонот и рече:
„Најдовме добар, пријателски настроен тренер кој може да ги мотивира нашите момчиња. Ако ги победите Милан или Јувентус, од мене ќе ве чека автобус полн со проститутки“.
Монца оваа сезона влезе во Серија А и по 15 кола се наоѓа на 14. позиција со 16 бода, што е девет повеќе во моментот од зоната за испаѓање. По заминувањето на Џовани Стропа, тимот од септември го предводи италијанскиот тренер Рафаеле Паладино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
