
Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, би можел да се врати во Европа, пренесува „Тодофичајес“. Лион е заинтересиран да го врати 36-годишниот Французин.
Клубот се надева дека ќе успее да ја убеди ѕвездата да се врати на крајот од сезоната.
Бензема од летото игра во Саудиска Арабија. Оваа сезона има 12 гола и пет асистенции на 20 натпревари. Договорот на поранешниот француски репрезентативец со Ал-Итихад е до 2026 година.
На 30 декември медиумите објавија дека напаѓачот ја напуштил Џеда од лични причини. Тој претходно ги избриша своите профили на социјалните мрежи поради проблеми со навивачите.
Бензема потекнува од младинската академија на Лион, дебитираше многу млад во сениорскиот тим и одигра одлично пред да потпише со Реал Мадрид во 2009 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
