Connect with us

Бензема: Од мал сонувам за “Златната топка”

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше именуван меѓу 30-те кандидати на „Франс фудбал“ за освојување на овогодинешната „Златната топка“. Францускиот репрезентативец, не само што е во одлична форма со националниот тим, туку веќе има постигнато и десет погодоци во сите натпреварувања во дресот на “Кралскиот клуб”.

Во интервју за шпанскиот весник “АС”, тој ги откри за неговите амбиции за освојување на оваа престижна награда: „Сонував да ја освојам Златната топка уште од детството, тоа е сон што го имаме сите фудбалери.

“Точно е дека најважен е тимот, но кога му помагате на вашиот тим да победи, кога играте добро и постигнувате многу погодоци, следното нешто што треба да го имате на ум е ‘Златната топка’. Поради тоа, ќе направам се во моите можности и ќе работам што е можно повеќе за да се надевам дека, еден ден, ќе го освојам и ќе го остварам овој сон што го имав од детството“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови