Connect with us

Бензема: Мојата приказна со Франција заврши

Добитникот на „Златната топка“, Карим Бензема, објави дека ја завршува кариерата во француската репрезентација.


„Вложив труд и направив грешки, кои ме доведоа до тоа што сум денес, и горд сум на тоа“. Ја напишав мојата приказна, а нашата завршува тука“, напиша Бензема.

Бензема постигна 37 гола на 97 натпревари во дресот на Франција.

Напаѓачот беше вклучен во тимот на Дидие Дешамп за Светското првенство во 2022 година, но се повреди непосредно пред почетокот на првенството во Катар.

Бензема се врати во националниот тим во пресрет на ЕВРО 2020. Тој беше суспендиран од тимот во 2016 година поради скандалот со уцена на неговиот соиграч Матие Валбуена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови