Карим Бензема се врати во фудбалската репрезентација на Франција и воодушевен е од соработката со Килијан Мбапе. Напаѓачот на Реал Мадрид го пофали играчот на ПСЖ на прес-конференцијата на француската репрезентација, а неколку часа подоцна го благослови неговото доаѓање во Реал Мадрид во интервју за телевизијата „М6“.
„Иднината на Килијан Мбапе? Ќе видиме што ќе се случи. Но, во секој случај, Мбапе е добредојден во Реал Мадрид. Тој има квалитети да биде напаѓач на Реал Мадрид еден ден”, изјави Бензема.
Карим Бензема и Килијан Мбапе првпат ќе играат заедно в среда на пријателскиот натпревар против Велс. Според најавите, селекторот на Франција, Дидие Дешамп подготвува формација во кој тие ќе бидат напаѓачки тандем, а од позадина ќе делува и Антоан Гризман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













