Connect with us

Бензема ја одбил поканата на Макрон да дојде на финалето на СП

Актуелниот освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема, ја одби поканата на францускиот претседател Емануел Макрон да биде дел од неговата делегација на денешното финале на Светското првенство. Напаѓачот беше вклучен во тимот на Дидие Дешамп, но се повреди непосредно пред почетокот на Светското првенство.


Селекторот на „петлите“ не повика нов играч на негово место, а опоравувањето на Бензема, кој веќе тренира со полна брзина со Реал Мадрид, ги подгреа шпекулациите дека Дешамп би можел да го вклучи во составот за финалето со Аргентина.

Сепак, тоа не се случи, а напаѓачот објави кратка порака со текст „Не сум заинтересиран“, која француските медиуми ја протолкуваа како доказ за неговиот конфликт со Дешамп.

Макрон ги покани сите повредени играчи на Франција во својата делегација. Пол Погба, Н’Голо Канте и Кристофер Нкунку сигурно ќе бидат на трибините покрај претседателот. Првите двајца веќе се во Катар, а напаѓачот на Лајпциг патува со авионот на Макрон. Нема да биде присутен Лукас Хернандез кој не доби дозвола од Баерн Минхен, а самиот Бензема реши да не биде на трибините на стадионот „Лусаил“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови