Португалскиот гигант Бенфика е заинтересиран да го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во зимскиот преоден рок, пишува медиумот „ТВИ 24’. Тренерот Жорге Жесус сака да го засили средниот ред на Бенфика во јануари, а Елмас е една од неговите големи желби.
Според информациите од Португалија, Бенфика бара од Наполи да го добие Елмас на шестмесечна позајмица, со опција за целосно откупување на договорот. Елмас има актуелен договор со Наполи до 2025 година. Оваа сезона Елмас забележа седум настапи за Наполи во Серија А и постигна еден гол. Многу поголема минутажа добива на натпреварите од Лигата на Европа.
Бенфика го следи Елмас уште од најрани денови, кога беше член на Работнички, беше актуелна и пред да се пресели во Фенербахче, а и потоа, при трансферот во Наполи.
Eljif Elmas na rota do Benfica.
Segundo a @tvi24pt, o Benfica está interessado no médio de 21 anos.
O atleta tem contrato com o Napoli até Junho de 2025. pic.twitter.com/b4ful368Nq
— Diário de Transferências (@DTransferencias) December 7, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski