Connect with us

Бенфика го освои Амстердам, а Промис Дејвис го замолкна Истанбул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бенфика во Амстердам го совладаа Ајакс со 0-2 и така ја остварија првата победа во годинешното издание на Лигата на шампионите.

Натпреварот едвај што започна, кога гостите од Лисабон поведоа – се играше шестата минута кога Самуел Дал упати прекрасен полуволеј и со прецизен удар од левата страна го совлада немоќниот Јарош.

Бенфика можеше и да ја зголеми предноста кога Павлидис шутираше покрај голот, додека на другата страна одличниот обид на Класен го запре Трубин.

Ајакс тргна на сè или ништо во второто полувреме, кое го започна офанзивно со обидите на Буниде и Вегхорст, но домаќинот не успеа да израмни, иако и Класен пропушти голема прилика испраќајќи ја топката над голот.

Тоа остави многу простор за контранапади на „орлите“, па така видовме добар удар на Дедиќ кој го запре Јарош, а возврати Глух со удар кој Трубин мораше да го брани.

Домаќинот имаше теренска иницијатива без конкретен ефект, што на Бенфика можеби и ѝ го олесни патот да ја зголеми предноста – благодарение на Леандро Бареира, кој погоди во 90. минута од мечот.

Бенфика со првите три бода се искачи на 28. позиција на табелата во Лигата на шампионите, додека Ајакс остана на последното место како единствен тим без освоен бод во досегашниот дел од натпреварувањето.

Унион Сен Жил во Истанбул стигна до минимална победа од 0-1 против Галатасарај.

Белгијците поведоа во 57.минута. Одличната акција по десната страна по асистенција на Зоргаине ја круниса Промис Дејвис со лесен погодок, носејќи му водство на Унион Сен Жил на гостински терен.

Белгијците можеа до уште еден погодок, но ударот на Родригес го одбрани Чакир. Веќе во следниот напад Сара му се закани на голот на Унион Сен Жил, но Шерпен успеа да ја избие топката во корнер.

Работите се влошија за тимот на Окан Бурук, кога Галатасарај остана со играч помалку по исклучувањето на Арда во 89. минута, па гостите предводени од Давид Убер ја сочуваа предноста и освоија нови три бода.

Унион Сен Жил со шест освоени бодови се наоѓа на 18. место на табелата во Лигата на шампионите, додека Галатасарај е деветти со девет бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови