Connect with us

Белингем официјално стана „крал“

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем и официјално стана нов играч на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ го потврди трансферот на 19-годишниот играч за врска од Борусија Дортмунд, вреден 103.000.000 евра, на кои ќе бидат додадени и бонуси.


Белингем во договорот се обврза на шестгодишна верност кон Реал Мадрид и ќе остане на „Бернабеу“ до летото 2029 година, додека неговата нето плата ќе биде околу 11 милиони евра годишно.


Англичанецот важи за еден од најталентираните фудбалери во светот, тој беше избран за најдобар играч во изминатата сезона од германската Бундес – лига, а со него Реал Мадрид ќе започне нова ера, со оглед дека Тони Крос и Лука Модриќ се веќе ветерани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови