Connect with us

Белингем ја зеде „петката“ на Зидан: Дојдов во најдобриот клуб на светот

Реал Мадрид го претстави своето ново засилување Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец стана второто најскапо засилување во историјата на клубот откако беше доведен од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра. Тој потпиша шестгодишен договор до јуни 2029 година.


Белингем денеска официјално беше презентиран од претседателот Флорентино Перез. Џуд ќе го носи дресот со број „5“ со кој блескаше Зинедин Зидан во Реал Мадрид.


„Ова е голем ден за оние кои се горди на Реал Мадрид. Денеска можеме да се гордееме со доаѓањето на еден од најдобрите во светот. Тој е тука затоа што сакаше да дојде. Можеше да оди во кој било клуб што ќе посака, но избра да игра за Реал Мадрид“, изјави Флорентино Перез за време на презентацијата.


Белингем го покажа дресот што ќе го носи во Реал Мадрид и кажа неколку зборови пред да замине на фотосесија со некои од легендите на клубот.


„Сакам да им се заблагодарам на сите што се тука или гледаат. Пристигнувам во најдобриот клуб на светот“, изјави Англичанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови